ЈП „Билјанини извори“ ја известува јавноста дека од денес (02 јули) градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници.
Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен.
Градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен од 9 до 14 часот за пливачките школи и клубови, и од 14 до 20 часот за сите рекреативци.
Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа ќе се продава во износ од 60 денари.
ЈП „Билјанини извори“ ги поканува сите љубители на пливањето, рекреативци, родители со деца и останати граѓани да дојдат на градскиот базен и да уживаат во благодетите на пливањето и игрите во вода.
Извор: Општина Охрид