Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оствари работни средби со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски како и на општина Зелениково, Коста Маневски.
На средбите тие ги потпишаа договорите за реконструкција на локалните улици „Мите Богоевски“ и „Црноризец Храбар“ во општина Аеродром и локалниот пат од н.м. Орешани до н.м. Зелениково во општина Зелениково.
Вкупната инвестиција за локалните улици во општина Аеродром изнесува над 42 милиони денари, додека за локалниот пат во општина Зелениково инвестицијата е во висина од 31,5 милиони евра, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски.
„Работиме посветено, реализираме квалитетни проекти за граѓаните. Особено ми е драго кога комуникацијата и соработката со локалните самоуправи е на добро ниво, бидејќи наша заедничка задача е да ги решаваме проблемите на граѓаните и да ги подобруваме условите за живеење. За реконструкција на локалните улици во општина Аеродром во оваа фаза инвестираме над 40 милиони денари, додека во општина Зелениково инвестицијата е над 30 милиони денари и сигурен сум дека со ова обезбедуваме огромен бенефит за граѓаните. Поддршката што ја даваме во континуитет е силен доказ дека наш приоритет се граѓаните и така продолжуваме и во наредниот период.“ – потенцираше министерот Бочварски.
Реконструкциите на улиците се предвидени да завршат оваа година.