spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Наша задача и обврска е да ги заштитиме дивите видови на...

МЖСПП: Наша задача и обврска е да ги заштитиме дивите видови на флора и фауна во земјава

Министерката за животна средина и просторно планирање и шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир се приклучија кон одбележувањето на  3-ти март – Светскиот ден на дивиот свет и 50 годишнината од Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора – CITES.

Со настанот организиран во рамки на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската Унија нашата држава се приклучи кон меѓународната заедница и ја акцентираше важноста на зачувувањето на дивите видови на флора и фауна за опстанокот на планетата.

Во поздравното обраќање шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир истакна: „Светскиот ден на дивиот свет е прослава на прекрасната флора и фауна што толку го збогатува нашиот свет и повик за акција за заштита на загрозените видови. Западен Балкан е дел од зеленото срце на Европа. ЕУ и помага Северна Македонија да се воспостават високи стандарди за заштита за нејзиниот богат биодиверзитет и да се бори против трговијата со диви животни“.

„Нашата држава е исклучително богата со диви видови на флора и фауна и наша задача и обврска кон генерациите што доаѓаат е соодветно да ги заштитиме“- порача министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова од говорницата, нагласувајќи дека во рамките на новиот тековен проект поддржан од ЕУ „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“ планирани се активности за подобрување на законска и институционална рамка, преку изготвување на нов Закон за CITES, воведување на дигитализација на системот за издавање дозволи, зајакнување на административните капацитетите на национално ниво, унапредување на размената на информации и соработката поврзана со имплементација на CITES.

На настанот тим лидерот на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“, Даниел Богнер ги презентираше целите и активностите на проектот кои се однесуваат на компонентата за CITES, како одредени видови во Република Северна Македонија релевантни за  CITES.

Годинашното мото на одбележувањето на овој ден е „Партнерства за зачувување на дивиот свет“ и има за цел да го потенцира виталното значење на партнерствата на национално и локално ниво и вклучување и соработка на сите засегнати страни за да се обезбеди одржливоста и зачувувањето на дивиот свет.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте