Aнгажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на поставување на комплетно ново улично осветлување во населба Голеш лоцирана на Тиквешкото Езеро. Оваа населба досега немаше улично осветлување а е една од најголемите населби на Тиквешкото Езеро.
Во прва фаза се поставени околу 50 столбови а во наредната фаза ќе се постават и нови светилки.
Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за живеење за сопствениците на куќи во оваа населба, како и за туристите кои го посетуваат Тиквешкото Езеро.
Извор: Општина Кавадарци