spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи во Будимпешта оствари средба со Џачка и Дачиќ

МНР: Османи во Будимпешта оствари средба со Џачка и Дачиќ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Балканскиот форум кој се одржува во Будимпешта, Унгарија, оствари одвоени средби со своите хомолози од Албанија, Олта Џачка и Србија, Ивица Дачиќ.

На средбите се разменија мислења за повеќе прашања поврзани со билатералните политички и економски односи, соработката во рамките на регионалните иницијативи, притоа ставајќи акцент на евроинтегративниот процес на регионот на Западен Балкан и претседавањето на нашата земја со ОБСЕ.

Поздравувајќи го прогресот во преговорите меѓу Србија и Косово, Османи истакна дека изнаоѓањето на решение за отворените прашања, ќе означи нова страница не само во односите меѓу двете земји, туку и во севкупната регионална динамика која е под влијание на променетиот геополитички контекст и очекувањата за што поскора интеграција во Европската унија. Во пресрет на средбите во Охрид, на 18 март, Османи нагласи дека трајното и одржливо решение ќе обезбеди мир, стабилност и напредок на регионот во целина.

Се разговараше за значењето на потпишаните договори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, како и договорите потпишани во рамките на Берлинскиот процес, од ноември минатата година. Во тој правец, беше констатирано дека реализацијата на обврските преземени со овие договори, останува приоритет на земјите-потписнички.

Прочитајте