spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Потпишан Меморандум за соработка со Мисијата на ОБСЕ

ДКСК: Потпишан Меморандум за соработка со Мисијата на ОБСЕ

Со цел зајакнување на антикорупциските политики и акции во Северна Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за разбирање.

Како дел од овој договор, Мисијата ќе обезбеди помош за откривање и справување со ризиците од корупција, промовирање на антикорупциските политики засновани на докази и зајакнување на системот за интегритет на Северна Македонија.

Договорот потпишан денеска се надоврзува на долгогодишната соработка меѓу ДКСК  и Мисијата на ОБСЕ. Мисијата помогна во воведувањето на новиот систем за интегритет преку новиот Закон за спречување на корупцијата, механизам кој обезбедува етичко однесување на носителите на функции, избраните претставници, како и административниот персонал во јавниот сектор.

„Во последните години, Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше значаен партнер за Комисијата и другите национални тела во борбата против корупцијата. Верувам дека заедно можеме да придонесеме за намалување на корупцијата и враќање на довербата на граѓаните во институциите преку зајакнување на интегритетот и подобрување на националното законодавство“, изјави Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.

„Преку нашето партнерство со Комисијата, сакаме да ги зајакнеме превентивните механизми преку унапредување на соработката меѓу институциите вклучени во борбата против корупцијата. Ние веруваме во фер општество каде што индивидуалниот интегритет и личните квалификации се единствените одлучувачки фактори“, рече Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте