spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Азир Алиу - Медиумски реформи по принципите на ЕУ законодавството!

МИОА: Азир Алиу – Медиумски реформи по принципите на ЕУ законодавството!

Се одржа првата јавна расправа по однос на предлог-измените на Законот за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

 

Скопје, 13.03.2023 година

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација завчера се одржа првата јавна консултација во однос на првата нацрт-верзија на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На настанот присуствуваа претставници од медиуми и чинители од медиумскиот простор кои имаа можност да ги дадат своите коментари и сугестии .
Министерот Азир Алиу, ја истакна заложбата на Министерството и Владата за создавање услови каде што, преку политиките и законските решенија, медиумите ќе можат уште повеќе да ја истакнат својата професионалност и ќе работат во согласност со етичките, моралните и професионалните стандарди.

Алиу потсети дека Република Северна Македонија, на патот кон ЕУ, има обврска да го вгради правото на ЕУ во националната правна рамка во сите релевантни области, а во таа насока и обврската за усогласување на националното медиумско законодавство со правото на ЕУ и медиумските стандарди.

,,Реформските задачи што ги имаме пред себе ја вклучуваат и потребата за усогласување на националното медиумско законодавство со Директивата за аудиовизуелните медиумски услуги (2010/13/ЕУ, дополнета со 2018/1808/ЕУ). Факт е дека нашето законодавство треба да се ажурира за соодветно да ја одразува сегашната содржина на Директивата за АВМУ и другите европски стандарди.

Тоа како обврска на државата произлегува и од Спогодбата за асоцијација. Освен тоа, потребата за усогласување на националното законодавство со Директивата за АВМУ е поврзана и со еден друга исклучително значајна можност – учеството на Северна Македонија во програмата „Креативна Европа“ на Европската комисија. Дозволете ми да потсетам дека Европската комисија постави нов рок за усогласување со Директивата на АВМУ, и тој рок истекува на 31 мај 2023 година. Комисијата треба да ги добие сите неопходни информации што потврдуваат дека Северна Македонија ги исполнува условите од Директивата. Во спротивно, состојбата може да доведе до одлука за суспензија на учеството во сегментот МЕДИУМИ и Меѓу-секторскиот сегмент од Програмата „Креативна Европа“ – истакна меѓу другото министерот Алиу во својот воведен говор.

На денешната јавна расправа претходеше јавниот настан на 25 јануари 2023 година на кој беа претставени промените што ги донесе ревидираната Директива, а со цел да се слушнат ставовите и мислењата на еден поширок спектар засегнати страни.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте