Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и државниот секретар во Министерството Неби Реџепи ги примија претставниците на месните заедници Горно Коњаре и Средно Коњаре, општина Петровец кои што реагираат на активностите на вадење песок, чакал и камен од речното корито на Пчиња во близина на населените места.
Нивните реакции се засноваат на сомнежот дека со ископите не се врши уредување на речното корито, туку се врши експлоатација на песокот и чакалот.
Министерката Шукова им даде ветување дека Министерството ќе побара од АД Водостопанство стопирање на сите активности додека не се преиспитаат постапките и потребата о
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање