Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со амбасадорот на Австрија, Н.Е Георг Вуцас. На средбата, амбасадорот Вуцас беше информиран за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на реформите за изборните правила, законите кои се во собраниска процедура, евроинтегративниот процес и владеењето на правото. Беше отворено и прашањето за ветингот при што министерот за правда Кренар Лога рече дека очекува од Австрија и од меѓународната заедница целосна поддршка за реализација на овој процес. Се разговараше и за уставните измени и очекувањата наскоро да отпочнат стручните јавни расправи на оваа тема.
МП: Лога-Вуцас – Ќе се унапреди соработка со Австрија за спроведување на реформските приоритети
На вчерашната средба се разговараше и за работната посета на министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ која доаѓа во нашата земја на 29 март. Министерот за правда Кренар Лога и амбасадорот на Австрија Н.Е Георг Вуцас ги договараа деталите за средбата и меморандумот за соработка кој ќе треба да се потпише. Лога и Задиќ ќе ги споделуваат практичните искуства на двете земји од областа на кривичната и граѓанската материја а ќе се организира и заедничка работилница со експерти од двете држави.
Извор: Министерство за правда
Прочитајте
РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ
Прочитајте и погледнете: 👀👇
ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија
Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија






























