spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиКарпош: Членка на здружението на комунални инспектори

Карпош: Членка на здружението на комунални инспектори

Преставници од Секторот Инспекторат од Општина Карпош се во работна посета на Крива Паланка на состанок на извршен и надзорен одбор на Здружение на комунални инспектори на РСМ. Поздравен говор пред почетокот на состанокот одржа градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски истакнувајќи ги активностите на инспекциските служби, меѓусебната соработка и потребата од функционирање на Здружението.

Претседателот на Здружението на комуналните инспектори, Борче Везенков им се заблагодари на учесниците-инспектори од локалните самоуправи за присуството, истакнувајќи ги придобивките од вакви средби на кои се дефинираат, ревидираат и усогласуваат законските регулативи.

 

Во оваа пригода тој даде отчет за финансиската состојба на Здружението при што говореше и за начините за натамошно финансирање, потпишување меморандуми за соработка со градоначалниците за успешно функционирање на Здружението. По тој повод, традиционално беше засадено дрво Туја како симбол на одржливоста. Инаку, здружението оваа година слави 20 години од основањето, а Општина Карпош е од оваа година член.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте