spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Детален урбанистички план за Градска четврт Ц 03 – Соборен храм

Центар: Детален урбанистички план за Градска четврт Ц 03 – Соборен храм

На последната седница на Советот на Општина Центар советниците ја усвоија Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц03-Соборен храм.

Предметната Градска четврт Ц03-Соборен храм претставува консолидиран градски простор, односно простор што целосно е изграден. Во рамките на целиот простор, развојната компонента има само три објекти, од кои развојните параметри за два објекта се преземени од претходната планска документација, а за третиот објект површината за градба е намалена. Во планската документација се предвидува надградување на постојната комунална инфраструктура и документирање на постојното парковско зеленило што во претходната документација било предвидено за поплочен јавен простор. Во согласност со планската документација, новопланираните објекти и потребните паркинг-места ќе бидат планирани во рамките на сопствената парцела, согласно Законот за урбано зеленило.

Советниците на Општина Центар ги усвоија и одлуките за давање согласности за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места и Правилникот за внатрешна организација на работни места во општинските детски градинки, годишните извештаи за работа на општинските основни училишта за учебната 2020/2021 година, како и одлуките за усвојување на кварталниот извештај за работењето на ЈП ПОЦ за периодот од  јануари до март 2021 година и ценовникот за одржување и изведба на хоризонтална и вертикална сигнализација.

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Мицкоски: Кртови кои даваат информации ќе се појавуваат уште некое време,...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последните акции на полицијата за сузбивање на...