spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Продолжува соработката со УНОПС во чистењето на малата депонија во ОХИС

МЖСПП: Продолжува соработката со УНОПС во чистењето на малата депонија во ОХИС

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова се сретна со Директорот на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации (UNOPS),Михела Телатин.

На средбата се дискутираше за динамиката на реализација и продолжување на предвидените активности за расчистување на малата депонија (Лот 3) со хексахлорциклохексан (линдан), како и за заокружување на целиот процес на расчистување на локацијата, со вклучување на Мулти-партнерскиот фонд за животна средина за ОХИС, со кој управува UNOPS.

Се разговараше и за реалната временска рамка на реализација и исполнување на очекувањата за продолжување на активностите.

Со оглед на тоа дека се работи за проект кој е со висок приоритет за нашата држава, министерката Шукова на средбата изрази подготвеност за поддршка во напорите за мобилизирање на дополнителни средстваза комплетирање на процесот на чистење на малата депонијаи обезбедување на одржливи извори на финансирање за големата депонија во кругот на ОХИС.Sorabotka_MZSPP_UNOPS_deponija_OHIS

Исто така, се разговараше за можни идни соработки во приоритетните области во насока на заштитата на животна средина.

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...