Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува јавен оглас за ангажирање на 25 практиканти, за шест месечен практиканска работа во секторите и управите на министерството.
Преку овој оглас, право за аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти на завршна година студии од земјоделските, шумарски и ветеринарни високо образовни институции во државата. Односно студенти од областа на биотехничките науки (наука за земјиште и хидрологија, заштита на растенија, растително производство, пчеларство, овошатарство, лозарство, ветеринарна медицина, добиточно производство, рибарство, шумарство и холтикултура, преработка на дрво, биотехнологија, прехранбена технологија, преработка на анимлани производи), градежништво и водостопанство, правни науки, економски науки и-или природно-математички науки – хемија.
Периодот за практиканската работа изнесува шест месеци со полно работно време. Практикантите за време на практиканската работа остваруваат право на надоместок во висина од 70% од минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа во период до три месеци и надоместок во висина на минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.
Наша цел како министерство е мотивирање на младите и давање можност своето стекнато знаење да го дадат во развој на институциите, но и стекнување на ново знаење и вештини во струката.
Рокот за пријавуање на јавниот оглас е 10 дена од денот на неговото објавување на веб страната на министерството www.mzsv.gov.mk, каде заинтересираните може да најдат и повеќе информации за апликацијата и потребните документи при апликацијата.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство