spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Состанок со претставници на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство,...

МИОА: Состанок со претставници на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство, Државниот завод за ревизија и Економскиот факултет – Скопје

Заменик-министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, оствари средба со претставници на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (ЦИПФА), Државниот завод за ревизија и Економскиот факултет – Скопје. На средбата се дискутираа претстојните законски измени на законите со кои се регулира работата на јавната администрација и можноста за воведување сертификација на сметководители и ревизори вработени во јавниот сектор.

„Се соочуваме со недостиг на квалитетен кадар во оваа област. За нас како држава, ваквите соработки се особено важни. Преку обуките кои вие им ги обезбедувате на сметководителите и ревизорите вработени во јавниот сектор ќе се надградат нивните вештини и ќе се зголемат нивните знаења, со што институциите ќе имаат високо-професионален и стручен кадар“ истакна Бајдевски.

Заменик-министерот исто така напомена дека е мошне важно да се негуваат вакви партнерства, затоа што на овој начин ќе се обезбедат висококвалитетни, стручни и професионални кадри, што ќе придонесе за пополнување на недостигот на вакви кадри во институциите, а со тоа и ќе се подобри испораката на услуги за сите граѓани.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Бутел: Магична ФУДБАЛСКА вечер

0
НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во...