spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Лога оствари средба со претседателката на ДКСК Ивановска и...

МП: Министерот Лога оствари средба со претседателката на ДКСК Ивановска и заменик претседателката Николовска

На состанокот се разговараше за соработката меѓу Министерството за правда и Државната комисија за спречување на корупцијата како и активностите кои се преземаат во делот на реализација на мерките и активностите во борбата против корупцијата како и за потребата од зајакнување на механизмите за спречување и намалување на корупцијата.Констатирана беше неопходноста од воведување на законски и контролни механизми за надзор и утврдување на одговорност кај релевантните чинители особено во рамки на правосудството.

На состанокот беа разменети ставови и по однос на зајакнување на улогата и проширување на надлежностите на ДКСК и  потребите за зајакнување на финансиската независност и состојбата со човечките ресурси на комисијата.
Министерот Лога  потенцираше дека во претстојниот период ќе се разгледаат можностите за воведување на законски обврски за доставување на анкетни листови  на повеќе категории кои не се опфатени со постоечката законска легислатива.

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...