spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Лансираме нова платформа - Западен Балкан КВАД 100% усогласеност со надворешната...

МНР: Лансираме нова платформа – Западен Балкан КВАД 100% усогласеност со надворешната политика на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Скопје, заедно со министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Ољта Џачка, заменик-министерот за надворешни работи и дијаспора на Косово, Крешник Ахмети и советникот за надворешна политика на Премиерот на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ лансираше нова платформа “Западен Балкан КВАД – 100% усогласеност со надворешната политика на ЕУ”.

Во фокус на средбата беше целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ на четирите земји од групата КВАД во светло на новата гео-политичка реалност, хибридните закани, енергетската криза и економските последици предизвикани од руската инвазија на Украина.

“По агресијата на Руската Федерација врз Украина, усогласувањето со ЗНБП, но уште пошироко со позициите и вредностите на демократскиот свет, се претвори во еден од најважните приоритети на земјите аспиранти за членство во ЕУ, но и како јасна порака каде овие земји припаѓаат“ нагласи министерот Османи на средбата, изразувајќи задоволство од воспоставувањето на неформалниот форум, наречен QUAD/КВАД. Секоја од овие земји поединечно, се покажа како доверлив партнер на НАТО и ЕУ, со усогласување со режимот на санкции на ЕУ и САД, но и преку конкретна хуманитарна и друга техничка помош за Украина.

 

Османи ги брифираше соговорниците за претстојните реформи, истакнувајќи дека нема отстапување од европскиот пат за Северна Македонија, земја позната по својата мулти-етничката демократија и кохезија, за што признание претставува и одлуката да биде домаќин на неодамна одржаните разговори меѓу Косово и Србија во Охрид.

Беше истакнато дека заедничка стратешка цел на сите земји кои успеале да достигнат потполна хармонизација со одлуките на ЕУ е целосна интеграција во Унијата. Во тој контекст и поврзано со актуелните регионални и меѓународни случувања, процесот на имплементација и спроведување на политиките, регулативата и стандардите на ЕУ претставува највисок државен интерес.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Бутел: Започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица...

0
Ветувањето пред граѓаните на Визбегово се реализирам со забрзана динамика.Денес започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица 1.Улица 1 заедно со...