HomeОпштиниЦентар: Герасимовски на средба со Здружението „Мобилност Скопје“ по повод Светскиот ден...

Центар: Герасимовски на средба со Здружението „Мобилност Скопје“ по повод Светскиот ден на здравјето

spot_img
spot_img

По повод Светскиот ден на здравјето и 75 годишнината од Светската здравствена организација градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше домаќин на претставници од Здружението Мобилност Скопје кое се залага за унапредување на правата на лицата со попреченост и телесен инвалидитет. На средбата со градоначалникот Герасимовски се разговараше за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со автоимуни и невролошки заболувања мултиплекс склероза и дистрофија и состојба на параплегија.

„Секој граѓанин има право да ја остварува здравствената заштита. Општина Центар ги поддржува проектите кои опфаќаат квалитетни здравствени услуги достапни до граѓаните како бесплатните педијатриски прегледи, стоматолошки прегледи на децата од предучилишна и училишна возраст и пензионерите, образовни асистенти за учениците со потешкотии и за време на летниот распуст како и сензорни соби за подобрување на фината и грубата моторика кај дечињата“, истакна Герасимовски.

Општина Центар ќе продолжи да ги поддржува проектите за унапредување на правата на лицата со попреченост и телесен инвалидитет со цел полесно да се интегрираат во општеството. Исто така Општина Центар ќе се вклучи во завршниот марш за подигнување на јавната свест за проблемите кои се соочуваат овие лица, за нивните специфични потреби за поквалитетен живот и нивна социјална инклузија организиран од Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“ кој ќе се одржи на 30 мај по повод денот на лицата заболени од мултиплекс склероза.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија