spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Поднесена кривична пријава против лице од кичевско за „фалсификување исправа“

МВР: Поднесена кривична пријава против лице од кичевско за „фалсификување исправа“

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(66) од с.Колибари, кичевско, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2019 година набавил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик со намера да се вработи како директор на државeн студентски дом. Сертификатот го заверил на нотар во Кичево, по што го приложил при аплицирање за вработување како директор во студентскиот дом.

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...