Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети компанијата Бреинчајлд Продукција која произведува спортска опрема наменета за водените спортови со ветер или поточно опрема која се користи за сурфање на водени површини.
Во неговата изјава после посетата, вицепремиерот Битиќи изјави дека Бреинчајлд е прогресивна и амбициозна компанија која својот развој го планира во Северна Македонија, што е потврда дека во нашата земја имаме атрактивен и стимулативен економски амбиент кој создава доверба и сигурност кај инвеститорите и ги охрабрува на проширување на нивните деловни активности.
„Бреинчајлд планира основање на две нови компании, од кои едена во делот на производство, а другата ќе биде фокусирана во активности на истражување и развој, со вкупна вредност на ивестициите од над 13,5 милиони евра. Вредноста на планираната инвестиција во производство е 11,5 милиони евра, која ќе отвори 275 нови работи места во наредните пет години, а со проектирана цел за 10 години да се реализираат вкупно 530 вработувања“, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи информираше дека во делот на истражувањето и развојот, Бреинчајлд планира инвестиција од 2 милиони евра, која ќе создаде 35 нови работни места, кои ќе дадат шанса на граѓаните од Пелагонискиот регион да го искористат и унапредат своето знаење низ работни процеси кои развиваат и креираат дополнителна конкурентска вредност на финалните производи.
„За реализација на инвестициите компанијата веќе има обезбедено градежни парцели во индустриската зона Жабени, а во моментов сме во фаза на подготовка на Договорите за државна помош согласно Законот за контрола на државна помош“, рече Битиќи.
Заменик-претседателот на Владата, Битиќи, подвлече дека со реализацијата на оваа инвестиција уште една се покажува дека како држава имаме изградено реален капацитет и услови за поттикнување и реализација на нови инвестиции во делот на реалниот сектор, кои отвораат нови и добро платени работни места, кои откриваат нови хоризонти за развој и надоградба на работни вештини и знаења усогласени со потребите на високотехнолошки процеси на производство.
Ралф Хенинг Гросел, сопственик и менаџер на Брајнчајлд Продукција изјави дека нивната компанија изработува опрема за спортови на ветер од еколошки и оддржливи материјали од најсовремените технологии, со произвотсвени капацитеи во разни држави вклучително и Азискиот континент, но дека условите за компаниите, особено подршката на Владата за инвестициите биле пресудни да го преселат нивниот бизнис во Северна Македонија.
„Бидејќи нашиот главен пазар е во Европа, размислувавме да го донесеме нашето произвотство овде. Фактот што Северна Македонија е во срцето на Европа и поседува голем потенцијал во работна сила, но истовремено нуди и владина финансиска поддршка на инвестициите, беше многу ветувачки за нас, особено во плановите за изградба на нов произвотствен капацитет од 10 илјади метри квадратни“, изјави Гросел.
Извор: Влада