spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Работилници за изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување...

ДКСК: Работилници за изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025

Завчера со работилницата за секторот „Вработувања во јавниот сектор“, започна серијата на работилници на кои ќе биде разгледан предлог материјалот за изменување и дополнување на НС 2021-2025, како и нови предлози кои ќе ги дадат учесниците на секоја од работилниците по одделни сектори од стратегијата.

Имајќи предвид дека измената на Националната стратегија се подготвува во постапка како и за донесување на истата, односно со учество на претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор и медиуми, ДКСК во периодот од 08.05-18.05.2023 година, во просториите на ДКСК, со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) ќе одржи серија работилници, за секој од секторите нод Националната стратегија како и за двете  нови хоризонтални области, „Имот во државна сопственост“ и „Инспекциски надзор“.

На работилниците ќе учествуваат претставници од институциите кои се означени како надлежни или вклучени институциии за реализација на одредена активност, односно лица вработени во организационите единици кои директно учествуваат во реализацијата на утврдените активности во НС 2021-2025, како и лица за кои институциите сметаат дека можат да дадат придонес во измената и дополнувањето на Националната стратегија.

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...