spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Средба со Борис Мијатовиќ, пратеник на германскиот парламент

АМС: Средба со Борис Мијатовиќ, пратеник на германскиот парламент

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски оствари средба со Борис Мијатовиќ, пратеник на германскиот парламент, Петра Дрекслер амбасадор на СР Германија и Роберт Евер Хардц, висок советник за источно европски прашања.

Темата беше актуелната состојба на RYKO и Берлинскиот процес.

 Агенција за млади и спорт како институција активно придонесува во работата и развојот на RYCO како производ на Берлинскиот процес и ќе продолжи во иднина да дава придонес во афирмација на RYCO и приближување до младите од регионот, истакна Мојсовски.

Тој додаде дека изминатата недела се потврди и планираната Програма за култура.

На средбата присуствуваше и Милан Живковиќ од Канцеларијата на Претседателот на Владата кој кажа дека Владата посветува сериозно внимание и силно го поддржува RYKO и неговото функционирање.

Советникот во Владата на РСМ Милан Живковиќ истакна дека важноста на идеализација на целите на овој процес зависи од сите шест земји членки, а суштината е зближување на младите од регионот, а не нивно разединување.

-Овој процес за нас како релативно млада држава е многу важен, а од причина што генералниот секретар е од нашата држава притисокот е уште поголем во нашата цел целокупниот процес да биде уште подинамичен, истакна Живковиќ.

Директорот Мојсовски, како претставник на Владата на РСМ во Управниот одбор на RYCO, потенцираше за важноста на процесот кој периодов се финализира а се однесува на функционалноста на Секретаријатот на RYCO во Тирана, Р. Албанија и локалните канцеларии во Западен Балкан. Со тоа ќе се овозможи не само подобра координираност, туку и поставување на цврсти темели за иднината на соработката на младите од регионот кои ги споделуваат вредностите на Европската Унија.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...