spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Прием за Европската кадетска шампионка во традиционално таеквондо

АМС: Прием за Европската кадетска шампионка во традиционално таеквондо

Италија беше домаќин на ЕП во традиционално таеквондо, кое од 17-24 Април се одржа во Лидо ди Јесоло. На првенството настапија 1200 учесници од 34 европски земји, а нашата репрезентација ја претставија 7 натпреварувачи.

Христијана Парулеска стана Европски шампион во борба, сребрена во борба со замислен противник и истовремено е прогласена за најдобра кадетка.

Пехарот и го врачи Руџиеро Ланоте, организаторот на Европското првенство и претседател на Италијанската теквондо федерација, а честитки за престижната награда Парулеска доби и од претседателот на Европската федерација – ЕИТФ, како и сите останати присутни членови на Интернационалната теквондо федерација.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски го искажа своето задоволство од постигнатиот успех на Христијана, и им посака на сите натпреварувачи да го следат нејзиниот успех.

На ЕП учествуваа натпреварувачи од три клуба: TTK Ахилиус, ТТК Сонкел, и ТТК Хваринг, а претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаровски не го криеше задоволството од настапот на сите натпреварувачи, особено од трофејот на Христијана.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...