Некогашните соиграчи Мојсовски-Џомба се сретнаа денес во куќата на спортот. Темите неисцрпни, моменти од сеќавања полни со емоции.
„Задоволството од носење на националниот дрес е непроценливо”, беше заедничко мислење на двете ракометни легенди.
Се започна во Автокоманда, каде Гоце настапуваше за РК Металург од 2006-2016, па следува преселба во Букурешт каде настапуваше три сезони. Од Романија се враќа повторно во родниот град, во кој ја продолжува кариерата во РК Вардар, за кој сеуште настапува.
Неговото пензионирање од националниот тим, доаѓа во време на подмладување на ракометната репрезентација, кое емотивно се случи изминатиов викенд, на квалификациониот натпревар со Турција.
Во изминативе 16 години беше неизоставен дел од натпреварите на македонскиот национален тим, а нив ги има преку 200.
Извор: Агенција за млади и спорт