spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Нова водоводна линија за жителите од високата зона на Оризари

Кочани: Нова водоводна линија за жителите од високата зона на Оризари

За да ги надмине проблемите со водоснабдувањето на високата зона во Оризари, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ изгради нова водоводна линија.

Стручните служби известуваат дека водоводната линија којашто го поврзува селото Оризари со месноста викана Слатина е со должина од 1 700 м.  Поставени се полиетиленски цевки од 16 бара, со пречник од 110 мм.

Новата водоводна линија ќе обезбеди непрекинато водоснабдување на високата зона во Оризари, во која шеесетина домаќинства беа изложени на чести прекини и рестрикции при зголемена потрошувачка.

Од наредната седмица КЈП „Водовод“ ќе почне со реконструкција на водоводната мрежа и со поставување нова атмосферска канализација на улицата „Гошо Викентиев“.

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...