Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања оствари билатерална средба со Пасквал Игнасио Наваро Риос, државен секретар за Европската Унија на Шпанија, во Алкала де Хенарес, Мадрид.
Средбата се организираше во маргините на конференцијата „Проширувањето на Европската Унија во новиот геополитички контекст“, а се разговараше за клучните теми за иднината на процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.
За време на средбата беше истакнато и важноста на идното претседателство на Шпанија со Советот на ЕУ, особено беше потенцирана важноста на процесот на проширување за земјите од Западен Балкан како клучен приоритет на шпанското претседателство, кое почнува од 1 јули оваа година.
Во оваа насока државната секретарката Дрита Абдиу-Халили му се заблагодари на г. Наваро за континуираната поддршка што Шпанија ја дава за аспирациите за членство на Северна Македонија во ЕУ, како што истакнаа и премиерот Санчез и министерот за надворешни работи Албарес.
Оваа средба беше плодна размена на идеи и перспективи за зајакнување на врските меѓу Северна Македонија и Шпанија. Очекуваме соработката меѓу двете земји да продолжи, давајќи поттик на Северна Македонија на патот кон членството во ЕУ.