spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваСоработуваме со Пошта за проектот “Една точка за услуги”

Соработуваме со Пошта за проектот “Една точка за услуги”

Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, се одржа работен состанок помеѓу министерот Јетон Шаќири и директорот на поштата на Северна Македонија, Јани Макрадули.

 

„Наша цел е да ја зголемиме и продлабочиме соработката меѓу овие две институции“, рече Шаќири за време на состанокот.

 

На состанокот се дискутираше за проектот на Министерството за информатичко општество и администрација “Една точка за услуги”и начините како овој проект може да се спроведе и можните промени во иднина врз основа на предлозите доставени за време на денешната средба.

 

Ќе ја спремаме информацијата и ќе ја доставиме на следната Владина седница. По усвојувањето на ова информација на Владина седница, ќе ги интензивираме нашите состаноци за да ги конкретизираме предлозите доставени денес “, рече Шаќири.

 

За време на денешната средба се зборуваше за еквивалентноста на документите разменети во електронска форма со документите разменети во класична форма, заради скратување на времето за комуникација. За да се постигне оваа цел, Поштата на Северна Македонија ќе обезбеди доверливи електронски услуги до сите институции во земјата.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...