Обука
30 октомври – 5 ноември 2023 година | Виена, Австрија (2 учесници)
Да се поддржат првите чекори на потенцијалните апликанти во големите стратешки партнерства, чија цел се иновациите во областа на младите.
Цели:
– Да се истражат суштинските аспекти за проектите за Партнерство за соработка кои се дел од КА2 од програмата Еразмус+ во полето на млади;
– Да се разберат условите за квалитет на партнерствата за соработка;
– Примери за вакви проекти;
– Да се долови врската помеѓу европската младинска работа и структурата на младинската политика на ЕУ;
– Да се открие што сè е потребно за да се изгради и одржи еднакво партнерство помеѓу организациите;
– Да се разберат основните правила за изградба на структура на активности, резултати и буџет за проект за Партнерство за соработка;
– Да се дознае повеќе за алатките што го поддржуваат управувањето со ваквите проекти;
– Да се запознаат и други младински работници кои се стремат за истражување на проекти за партнерство за соработка и одржлива соработка.
Целна група:
– Овој повик е наменет за младински работници, проектни координатори, лица кои управуваат со проекти и заинтересирани лица кои сакаат да поднесат апликации во КА2 од програмата Еразмус+ во полето на млади
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Семинарот ќе се реализира во периодот од 30.10.2023 – 05.11.2023
(30.10.2023 е ден на пристигнување, 05.11.2023 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн…)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 12.06.2023 година.
Линк за аплицирање:
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат избраните учесници и на резервна листа
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност