Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера ги додели седумте договори за ангажирање на вински промотори. Задача на винските промотори ќе биде домашна и меѓународна промоција на над 120 македонски винарии, преку социјалните мрежи.
Критериумите по кои учествуваа аплилантите се: да бидат познавачи на виното и винската култура, кои имаат најмалку 10.000 следбеници на личните профили на социјалните мрежи и имаат најмалку две години искуство во промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи. Потоа предлог план на активностите со временска рамка и методологија за реализација на предлог активностите за период од најмалку шест месеци. Апликантите потребно е да имаат согласност за промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи од најмалку десет корисници, со склучен договор за дело направен со правен субјект регистриран за услуги од областа на авторското право и индустриската сопственост како доказ.
Секторот лозарство и винарство е значаен и високо во приоритетите на министерството. Втора држава сме во регионот и меѓу дваесете во светот по извоз на вино, овој факт не обврзува да вложуваме уште повеќе во промоција на нашето убаво вино.
Како министерство вложуваме многу во промоција на македонското вино, преку поддршка за учество на реномирани меѓународни саеми, а сега со оваа нова поддршка за вински промотери дополнително даваме придонес во промоцијата на нашите винарии и нашето македонско вино.
Континуирната поддршка за овој сектор придонесе да имаме стабилно производство на грозје, пораст во производството на вино, но и пораст на извозот на флаширано вино.
Нашата искрена намера како министерство да го развиеме винскиот сектор ја потврдуваме и со новиот закон за вино, но и со подготовката, за прв пат, на десет годишна стратегија за развој на секторот вино и на лозарството во нашата држава.
Главната стратешка цел на оваа десетгодишна стартегија е зајакнување на конкуретноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, со цел искористување на целосниот потенцијал на индустријата.
За реализација на оваа поставена стратешка цел утврдени се и следните приоритетни стратешки цели: интеграција на сите чинители од секторот, модернизација, поголема промоција и зголемување на препознатливоста на македонското вино на надворешните пазари за зголемување на извозот на различен пазар, развој на винскиот туризам, како и мерки за заштита од климатски промени и обезбедување на одржливост и зачувување на биодиверзититетот кај лозовите насади.
Визијата за развој на секторот е јасно отсликана со подготовката на новиот Закон за вино чие донесување ќе следи во 2023 година, а каде најголемите измени се однесуваат во делот на Географските ознаки и нивна заштита кои целосно се усогласени со Регулативата од Европска Унија.