HomeМинистерстваМТСП: Делегацијата на РСМ на размена на ставови во Стразбур во делот...

МТСП: Делегацијата на РСМ на размена на ставови во Стразбур во делот на антидискриминацијата

spot_img
spot_img

Претставници на Министерството за труд и социјална политика беа дел од делегацијата на Република Северна Македонија која присуствуваше на седмиот пленарен состанок на Управниот комитет за антидискриминација, диверзитет и инклузија во Стразбур.

Делегацијата беше предводена од страна на Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска која на состанокот се обрати од името на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Владата на Република Северна Македонија.

На пленарниот состанок од страна на говорниците на делегацијата беа истакнати заложбите на Република Северна Македонија за развивање на општество каде нема да има разлика на етничка припадност, каде сите ќе се чувствуваат сигурни и каде ќе имаат еднакви можности за личен развој и напредок.

Исто така беше истакнато дека Владата посветува особено внимание за вклучување на родовата перспектива во сите политики и сфери на дејствување.

Целта на состанокот беше размена на ставови за Деветтата меѓународна конференција на жените Ромки со членовите на Управниот комитет за антидискриминација, диверзитет и инклузија.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија