spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Нови договори за реконструкција на училиштата Елпида Караманди и Ѓорѓи Наумов

Битола: Нови договори за реконструкција на училиштата Елпида Караманди и Ѓорѓи Наумов

Во кабинетот на градоначалничката Натaша Петровкса, денес беа потпишани трипартитните договори помеѓу Министерството за образование и наука, Општина Битола и училиштата Елпида Караманди и Ѓорѓи Наумов.

Со овие договори се регулирани меѓусебните односни помеѓу субјектите, како дел од проектот на Владата на Република Северна Македонија „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и Рехабилитација на основни и средни училишта“, за чие спроведување е задолжено Министерството за образование и наука.

Со потпишувањето на договорите, стартува изработка на потребната проектна документација, по која веќе следната година на терен ќе се работи во училиштата. Преку овој проект е предвидено да се реализира комплетна промена на кровна конструкција и кровен покривач во ОУ „Елпида Караманди“, а во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, предвидена е изведба на нова енергетски ефикасна фасада на објектите во училиштето.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...