Битола: Се менува децениски старата канализациона мрежа на ул. „Кленовец“

ОпштиниБитола: Се менува децениски старата канализациона мрежа на ул. „Кленовец“
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Во тек е изведбата на мешовитата канализациона мрежа и канализациони приклучоци на улицата „Кленовец“. Станува збор за промена на неколку децении стара канализациона мрежа, која не ги задоволуваше потребите на жителите на оваа улица.

Градоначалничката Наташа Петровска изврши увид во градежните теренски зафати и беше запозната со динамиката на работа на  екипите. И на оваа улица, ќе се работи по фази, односно по поставувањето на новата канализациона мрежа, чија вредност е околу 5.500.000 денари, ќе се пристапи кон изведба на водоводната линија, заедно со водоводните приклучоци, во вредност од  над 2.700.000 денари.

Во финалната фаза на реконструкција, ќе биде поставен нов коловоз. Општина Битола, за целосна реконструкција на ул. „Кленовец“ издвои над 14.000.000 денари.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img