spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Главните поддржувачи на младинските организации треба да бидат институциите...

МТСП: Тренчевска – Главните поддржувачи на младинските организации треба да бидат институциите на Владата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше дел од настанот во организација на Националниот младински совет на Македонија кој беше организиран по повод одбележување на 10 години од нивното постоење. Министерката на настанот се обрати на панел дискусијата „Младински решенија за младинските предизвици“.

 

Тренчевска на панел дискусијата зборуваше за мерките и политиките на Министерството за труд и социјална политика, а директно влијаат на квалитетот на живот на младите во државата. Таа се осврна на Гаранцијата за млади, Оперативниот план за активни мерки и програми со особен фокус на мерката за самовработување и мерката за стекнување на ИТ вештини.

Министерката во своето обраќање исто така го охрабри Националниот младински совет на Македонија да продолжи со својата работа во иста насока.

„Во оваа прилика уште еднаш би дала до значење на НМСМ, кој е претставник на младинските здруженија, кој обединува, кој работи и се стреми за поголемо вклучување на младите во општеството, ви посакувам да продолжите со вашата работа. Бидете гласни и активни и на тој начин заедно да ги решаваме предизвиците на младите“, истакна Тренчевска.

На крајот од своето обраќање министерката ги поттикна сите младински организации и посочи дека главните нивни поддржувачи треба да бидат институциите на Владата.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....