spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Со граѓанската асоцијација МОСТ препораки кои ќе помогнат при изработка на...

МОН: Со граѓанската асоцијација МОСТ препораки кои ќе помогнат при изработка на нови наставни програми по предметот Историја

На работен состанок помеѓу Министерството за образование и наука и граѓанската асоцијација МОСТ беше презентиран документ со препораки за изготвување на новите наставни програми по историја кои се однесуваат на причините кои доведоа до започнување на втората светска војна како и случувањата непосредно пред нејзиниот почеток со акцент на потпишувањето на “Договорот Молотов-Рибентроп“.

Документот е резултат на сорабоката помеѓу двете страни и ќе биде доставен до Бирото за развој на образованието како институција надлежна за процесот на изработка на наставни програми. Препораките се очекува да бидат имплементирани од страната на креаторите на наставните програми во иднина.

Овој документ, како и анализите кои му претходеа, претставуваат основа за збогатување и подобрување на содржините во наставните програми по историја за основно и средно образование кои го третираат овој период, засновани на факти.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....