HomeМинистерстваМТВ: Бочварски-Рустеми - Вратена во сообраќај делницата од Подмоље до Охрид за...

МТВ: Бочварски-Рустеми – Вратена во сообраќај делницата од Подмоље до Охрид за сите возила

spot_img
spot_img

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепии директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на реконструираната делница од Подмоље до Охрид.

Од денеска согласно времениот режим, делницата е биде вратена за сообраќај а со тоа граѓанитеи туристие повторно ќе можат да го користат за сообраќај овој дел од влезот во Охрид.

Делницата Подмоље -Охрид како дел од автопатската делница Кичево -Охрид, согласно времениот режим беше затворена за сообраќај поради градежни активности на изградба на клучка Охрид, на изградба на бетонски мостови, земјени и асфалтерски работи на овој дел од трасата и истата требаше да се биде пуштена до 10 јули, а сообраќајот беше пренасочен преку регионалниот пат Охрид-Подмоље.

Силниот ангажман на тимот од Министерството за транспотрт и врски,  Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со МВР и други институции како и Изведувачот и надзорниот орган, допринесе градежните активности на овој дел од  патниот правец да бидат завршени и пред зададениот рок, се со цел сообраќајот да се врати во првобитниот режим и да се обезбеди нормализирање на туристичката сезона.

„Пред извесно време бевме тука заедно со директорот и ветивме дека ќе ги завршиме градежните работи на овој дел од влезот во Охрид. Денеска сме тука и пред рокот што го најавивме за да се уверуме дека активностите се завршени. Од денеска повторно ќе ја вратиме во режим на времен сообраќај делницата од Подмоље до Охрид  и ќе овозможиме сообраќајот да се одвива по главната траса.Ветивме дека се што правиме е во насока на создавање наподобри услови за туристичката сезона, така ќе продолжиме и во наредниот период“, истакна министерот Бочварски.

„Направивме силни напори со сите институции и изведувачи делницата на главната траса да ја ставиме во функција. Од денеска сообраќајот од Подмоље до Охрид се одвива повторно по главната траса, а ние со исто силно темпо продолжуваме да работиме и на другите позиции на автопатската делница Кичево – Охрид“, истакна директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија