spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Лога - Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија, во многу наврати...

МП: Лога – Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија, во многу наврати не бил почитуван уставниот рок за објавување на подзаконски акти во Службен весник

Министерот за правда Кренар Лога присуствуваше на седницата на Уставниот суд на која се расправаше за Упатството со кое како задолжителна се утврдува  графата за националност во изводите на родени, на венчани и на умрени.

 

,, Ме радува оваа иницијатива, но изненаден сум од фактот што Уставниот суд досега не покренал постапка и за други подзаконски акти кај кои не се почитува уставниот рок за објавување во Службен весник. Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија. Најавувам дека во иднина јас лично ќе поднесувам иницијативи до судот за непочитување на уставните рокови. Вината не е во Министерството туку во Секретаријатот за законодавство во рамките на Владата” изјави Лога.
Министерот за правда најави дека ќе се подготви нов пречистен текст на Упатството и ќе го достави до секретаријатот за законодавство за објавувување во Службен весник.

Прочитајте