HomeВладаСеверна Македонија и Полска имаат голем потенцијал за развивање на трговската размена

Северна Македонија и Полска имаат голем потенцијал за развивање на трговската размена

spot_img
spot_img

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новиот амбасадор на Полска во Северна Македонија, Кшиштов Гжелчик со кого разговараше за можностите за продлабочување на трговската размена помеѓу двете земји, со акцент на подготовките за пристигнување на полска бизнис делегација во нашата земја во септември.

Посакувајќи му успешен мандат, вицепремиерот Битиќи на средбата со полскиот амбасадор истакна дека Северна Македонија и Полска го немаат целосно искористено големиот потенцијал за развивање на трговската размена.

„Полска постојано се вбројува во нашите 10-15 најголеми трговски партнери, но сепак постојат големи неискористени економски потенцијали кои ги имаме како земји, за што е потребно интензивирање на економските односи кои ќе резултираат со бизнис можности за двете страни. Ова се надевам ќе се конкретизира во септември кога ќе пристигне полската бизнис делегација“, истакна Битиќи.

Амбасадорот Гжелчик се заблагодари за средбата и рече дека ќе работи посветено на унапредување на економската соработката помеѓу двете земји.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија