spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Агенциите на Обединетите Нации верни поддржувачи

МТСП: Тренчевска – Агенциите на Обединетите Нации верни поддржувачи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. На средбата се разговараше за досегашната соработка на организациите на Обединетите Нации и Министерството за труд и социјална политика.

 

Тренчевска на  средбата истакна дека Агенциите на Обединетите Нации својата поддршка ја даваат токму на клучните прашања на кои е надлежно Министерството за труд и социјална политика како што се детската заштита, семејните вредности и родовата еднаквост. Тренчевска исто така ја објасни и моменталната ситуација на територијата на државата во однос на дилемата за предлог Законот за родова еднаквост и предлог Законот за матична евиденција. Таа повторно информираше дека предлог Законот за матична евиденција е повлечен од процедура уште од март 2022 година додека Законот за родова еднаквост како што објасни министерката досега бил на 18 јавни расправи и дека процесот на консултација продолжува и понатаму.

Од страна на координаторката на ОН, Дуџак беше посочено дека Министерството за труд и социјална политика ја има целосната поддршка за унапредување на човековите права каде спаѓа и прашањето за родовата еднаквост.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Бутел: Започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица...

0
Ветувањето пред граѓаните на Визбегово се реализирам со забрзана динамика.Денес започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица 1.Улица 1 заедно со...