spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПрифатени измените на Предлог-законите за полицијата и за МВР според препораките на...

Прифатени измените на Предлог-законите за полицијата и за МВР според препораките на ГРЕКО; Предлог-законот за државјанство оди во Собрание со европско знаменце

На денешната 87-ма седница Владата на Република Северна Македонија го утврди Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, односно за стечајците.

 

Со новите предлог-законски решенија предвидено е условот којшто се однесува на должината на работниот однос да биде 14 години, заклучно со 31.12.2020 година сé со цел да се обезбеди еднаквост на граѓаните при остварување на ова право на материјално обезбедување кое ќе го остварат уште најмалку 1.100 невработени лица, односно стечајци.

 

Заедно со претходните законски решенија, вкупниот опфат на стечајци го оствариле или ќе го остварат правото за надомест во висина од 9.242,00 денари до нивното пензионирање, а ќе опфати близу 13.000 лица.

 

На оваа своја седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството.

 

Основна цел на овој Предлог-закон е дорегулација на одредени прашања кои во досегашната имплементација на Законот за државјанството се наметнаа како реални, за кои државата треба да изнајде законско решение со кое во претстојниот попис како најмасовна, најобемна и најскапа статистичка операција на официјалната статистика, според единиците кои се опфаќаат, реално ќе се прикаже бројот на населението, домаќинствата и становите во државата.

 

Во предложените законски измени и дополнувања се вградени одредби од регулативата на ЕУ и од тие причини Владата до Собранието ќе го достави со европско знаменце.

 

На денешната седница Владата ги утврди и текстовите на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција и на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи.

 

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за полиција, во насока на постапување по препораките за Министерството за внатрешни работи, кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот. Препораките од Извештајот на ГРЕКО се насочени кон зајакнување на можностите на земјата за борба против корупцијата, особено во однос на транспарентноста, интегритетот и одговорноста на вработените во јавниот сектор и институциите. Во таа насока е препораката која се однесува на одредбите од Законот за полиција за воспоставување објективни и професионални критериуми за назначување на директорот на Биро за јавна безбедност, кои одговараат на потребите на таквата позиција.

 

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција се регулираат и конкретни евиденции што ги води Полицијата, а се однесуваат на oтпечатоци од папиларни линии; ДНК профили и фотографии од лица со рокови за нивно чување.

 

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за внатрешни работи, кои исто така произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“, кои што се однесуваат на оперативната независност на полицијата, на воведување на Тест за интегритет за лица кои се вработуваат во Министерството за внатрешни работи, како и на континуирана проверка на интегритетот на работниците во Министерството на политички неутрален начин, и се врши допрецизирање на одредбите за засновање работен однос во Министерството за внатрешни работи без јавен оглас односно преземање на работници од други државни органи согласно конкретни критериуми, воведување обврска за работниците за пријавување на имот и интереси, како и ревидирање на дисциплинските процедури во Министерството.

 

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021 – 2023 година, со Акциски план, која истовремено е и дел од мерките од Планот за борба против корупција.

 

Основна заложба е наведената стратегија да придонесе за зајакнување на капацитетите на националните институции како и на нивната координација во следењето на протокот на пари, како и откривање на можно прикривање и пренесување на нелегално стекнат имот. Како дел од активностите утврдени во „Планот за борба против корупција“ се очекува нејзината имплементација да придонесе кривичните истраги да резултираат со конфискација на имот и имотна корист, со што ќе се зајакне ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

 

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на денешната седница, во рамките на точката Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција, информираше дека до крајот на август сите измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација на процесите ќе бидат подготвени и доставени до Собранието.

 

Формираната работна група составена од сите надлежни институции, веќе работи на подготовка на измените и дополнувањата на потребите закони за дигиталната трансформација.

 

Дополнително, на денешната владина седница беше донесена одлука за формирање на уште една работна група којашто ќе работи на дефинирање и усогласување во делот на опремата што треба да ја набават институциите за дигитализација на процесите.

 

На седницата беа презентирани и предлози за институциите кадешто е неопходно физичко присуство на службено лице во работата со граѓаните, да се регулираат преку видео надзор и боди камери, како механизам за превенција од коруптивни дејствија.

 

На седницата беше донесена одлука за зајакнување на капацитетите на јавните обвинителства во државата. Министерството за правда во соработка со Јавното обвинителство ја достави анализата за потребната кадровска и техничка екипираност на обвинителствата.

 

Министерството за економија го подготви Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија. Со новото законско решение се намалува бројот на членови на управни одбори, и тоа во државните претпријатија од 15 на 7 члена, а во општинските на 5 члена. Кај надзорните одбори бројот на членови се намалува од 5 на 3 члена. Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и како и висината на надоместокот.

 

Вицепремиерот Николовски, на седницата информираше дека паралелено, институциите ги спроведуваат задолженијата за подготовка на интерни процедури за јавни набавки, годишна Антикорупциска програма, назначување на лице за внатрешно пријавување.

 

Исто така, на денешната владина седница се усвоија измените и дополнувањата на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата. Според препораките од ГРЕКО, со новите измени и дополнувања, разграничена е функцијата на лицето за интегритет кое што дава советувања за етички прашања и членот на Владата назначен за следење на спроведување на Кодексот.

 

Меѓу другото со измените и дополнувањата, проширен е опсегот на лица кои подлежат на Кодексот, односно покрај носителите на јавни функции, советниците кои ги именува Претседателот на Владата и посебните советници во министерствата, сега ќе бидат опфатени и секретарите и помошниците секретари во Секретарјатите во Канцеларијата на претседателот на Владата.

 

На предлог на Министерството за економија на денешната седница беше утврден и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

 

Предложените измени и дополнувања се со цел продолжување на роковите на одредени концесии склучени во одредено време под одредени услови, а поврзано со реализацијата на мерките од Петтиот сет антикризни мерки на Владата за намалување на последиците од светската пандемија предизвикана од КОВИД-19.

 

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Програмата на економски реформи 2022-2024 година и Економско – финансискиот дијалог помеѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција.

 

Дијалогот има за цел да им помогне на земјите опфатени со проширувањето на ЕУ да го зајакнат економскиот и социјалниот развој, како и да ги подготви земјите од Западен Балкан и Турција за идното учество во координирањето на економските политики на ЕУ.

 

Според заклучоците од дијалогот Северна Македонија е предводник во спроведувањето на заедничките иницијативи во последните четири години. Оценката на Европската Комисија на Програмите за економски реформи 2021 – 2023 покажа дека земјата има највисок резултат од 61,1% реализирани заеднички заклучоци усвоени во мај 2020 година, споредено со земјите од Западен Балкан и Турција и тоа е највисок резултат постигнат од почетокот на процесот на подготовка на програмите за економски реформи.

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...