Бронзен медал за нашата таеквондистка Мила Релиќ на отвореното првенството во Турција во конкуренција на 29 натпреварувачки.
Нашата Мила беше подобра од натпреварувачката Румјеса Мазгал со 2:0 во рунди, а во борбата за медал ја победи натпреварувачката Мила Иранка Париза Кучаксареи Жавади со 2:1 во рунди (0:0, 1:3, 10:7).
Горди сме на успехот на Мила и освоеното второ место во натпреварите од Г2 рангот на светската таеквондо федерација.
Честитки за Мила која со само 19години реди успеси на многу светски натпреварувања , честитки и за тренерот Ефтимов за посветениот труд и трпение градејќи светска олимписка натпреварувачка во таекводно.
Извор: Агенција за млади и спорт