spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени близу 224.4 милиони денари за градинарски култури предадени во преработувачки...

АФПЗРР: Исплатени близу 224.4 милиони денари за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата од близу 224.4 милиони денари на 3.821 корисник за дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за градинарските култури предадени во преработувачките капацитети.

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници на подмерка 1.4 на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и производените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделските производи.

-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува и понатаму да спроведува мерки за поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

АХВ: МТВ -Тема на денот: Каква е опасноста по појавата на...

0
Македонска телевизија: Каква е опасноста по појавата на птичји грип? Гостин во Тема на денот на јавниот сервис професор Игор Џаџовски од Факултетот за ветеринарна...