spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Бабовски одржа билатерален состанок со српскиот колега Петровиќ

АХВ: Бабовски одржа билатерален состанок со српскиот колега Петровиќ

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски во Ниш, Република Србија одржа билатерален состанок со неговиот колега, директорот на Управата за ветеринарство  на Република Србија, Милош Петровиќ. На состанокот присуствуваа и претставници на  Стопанската комора на Република Србија.

Во придружба на својот српски колега и претставници од Комората, директорот Бабовски го посети и Ветеринарниот специјалистички институт, каде  заеднички беа разгледани можностите  кои ги нуди иницијативата Отворен Балкан и ЦЕФТА договорот за олеснување на процедурата за  зголемување и олеснување на трговската соработка меѓи двете држави. За олеснување на процедурите, направени беа неколку  усогласувања во насока на интензивирање на трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Ѓорче Петров: Празничен Викенд – Магија, Радост и Заедништво

0
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности...