spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Варшава - Форум за стручно образование - годишна конференција

НАЕОП: Варшава – Форум за стручно образование – годишна конференција

На 15 и 16 јуни 2023 година во Варшава, Полска се одржа третото издание на Форумот за стручно образование – годишна конференција организирана од Фондацијата за развој на образовниот систем, Европас & Еврогајденс Полска и полскиот тим на експерти за стручно образование и обука.

Овогодинешната тема беше „Предизвиците и перспективите на дигиталното образование наспроти барањата на пазарот на трудот“. Програмата опфати клучни прашања поврзани со ефективно планирање на кариерата во ерата на дигиталното образование.

На покана на полските колеги, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација, каде беа разгледани можностите за синергија на програмите Европас и Еврогајденс во работата на кариерното советување/насочување.

Исто така, двете земји разменија добри практики, со што уште еднаш се докажа добрата соработка помеѓу полскатата и македонската Национална Агенција.

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...