spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Реџепи од Приштина - Преку модерна инфраструктура ја исполнуваме визијата на...

МТВ: Реџепи од Приштина – Преку модерна инфраструктура ја исполнуваме визијата на Европски просперитетни Држави

Заменик министерот за Транспорт и врски Беким Реџепи завчера престојуваше во официјална посета на Приштина, Република Косово каде се обрати по повод отворањето на Меѓународната академија на Факултетот за градежништво и инфраструктурно инженерство.

Во своето обраќање тој ја изрази одличната соработка помеѓу двете земји во различни области, посебно ја потенцираше значајноста на градежништвото како многу важна гранка што создава трајни вредности во едно општество и ја игра улогата на мост меѓу две региони.

“Нашите земји се на европскиот пат, пат исполнет со многу предизвици за нас како политичари, но и за вас како експерти. Верувам дека имаме заедничка визија за европски и просперитетни држави, со модерна и квалитетна инфраструктура, но таа визија е невозможна без ваша соработка и поддршка. Затоа Градежните факултети ги гледаме како партнери во спроведувањето на нашите политики, во остварувањето на новите технолошки достигнувања, како и во креирањето на економски раст за нашите земји.” – истакна Реџепи

Република Косово и Република Северна Македонија имаат одлични политички и економски односи, а за тоа говори и фактот што имаме голем број заеднички регионални стратешки проекти. Нашите политики имаат јасна цел, создавање квалитетна патна мрежа, подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани и забрзување на растот и економскиот развој на нашите земји. – рече во своето обраќање заменикот Реџепи.

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте