Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:
-
- Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 19.07.2023 год. (среда) се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во среда до 06 часот во четврток.
- Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.
- Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
- Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.
- Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Извор: Општина Охрид