HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Се интензивираат инфраструктурните реконструкции во основните и средните училишта

МОН: Шаќири – Се интензивираат инфраструктурните реконструкции во основните и средните училишта

spot_img
spot_img

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска го посети ООУ „Јосип Броз Тито“ во општина Струга, каде што во тек е реконструкција на столаријата, односно се врши замена на дотраените врати во училниците.

– Оваа инвестиција за која се одвоени над 700 илјади денари е со поддршка на Светска банка, нашиот партнер со кој интензивно работиме на унапредување на образовниот систем во земјава. Во текот на градежната сезона се работи во повеќе основни и средни училишта со намера подобрување на условите во училиштата, со што верувам дека ќе влијае во зголемување на успехот кај учениците, изјави министерот.

Шаќири потсети дека со буџет од над 4,5 милиони евра предвидени се реконструктивни активности во 50 училишни објекти во повеќе општини низ државата до крајот на оваа календарска година. Средствата се обезбедени во буџетот на МОН, проектната единица за изградба на 145 спортски сали и рехабилитација на училишни објекти, а најголем дел од училиштата, односно 40 објекти ќе бидат опфатени со реконструктивни активности повторно со поддршка од Светската банка.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија