spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Министерот Николовски заедно со словенечката министерка Шинко во посета на фармата...

МЗШВ: Министерот Николовски заедно со словенечката министерка Шинко во посета на фармата Кастелич и Брајер, управувани од успешните млади земјоделци

Во рамки на работната посета на Република Словенија, министерот Љупчо Николовски заедно со министерката за земјоделство, шумарство и храна на Словенија, Ирена Шинко придружувани од претставници на словенската младинска асоцијација, ги посетија фармите Кастелич во селото Мали Врх и фармата Брајер во општина Севница.

Фарми управуани од успешни млади земјоделци од Словенија, каде се применуваат модерни технологии за работа во земјоделството.

Органската фарма Кастелич во селото Мали Врх ја управува Јака Кастелич, млад земјоделец, иноватор и визионер, кој на 23 годишна возраст почнал да се занимава со земјоделство и произведува прекрасен чипс од јаболка. Младиот Јака Кастелич е добитник на бројни награди и навистина е инспирација и пример за успешен земјоделец.

Фармата Брајер во општина Севница е управуана од младата мајка и фармерка Весна, која заедно со својот сопруг Јанез, живеат и работат на село. Имаат своја фарма со 25 хектари обработливо земјиште, а заедно со 5 други друштва произведуваат локално вино. Од својата фарма со млеко ги снабдуваат локалните училишта, додека нивното убаво вино може да се најде во угостителските објекти.

Општината Севница успеала преку средства од Европската Унија комплетно да ја изгради целата инфраструктура, овозможувајќи ги сите услови за младите да останат и живеат на село. Исто така преку средства од Европската Унија реализираат повеќе програми за поддршка на младите, но и проекти за поддршка и развој на задругите. Токму затоа, за нас како држава, мора да биде клучно остварувањето на нашата стратешка цел – членство во Европската Унија. Младите немаат време за чекање и друга алтернатива и тоа не наша обврска која мораме да ја завршиме.

Министерот Николовски од градоначалникот на општина Севница Сречко Оцвирк, доби поклон, локално и автентично вино од општината Севница, наздравувајќи за новите познанства и пријателства.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...