spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Финансиска поддршка за набавка на систем за наводнување какпа по капка...

МЗШВ: Финансиска поддршка за набавка на систем за наводнување какпа по капка за Интитутот за тутун во Прилеп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска заедно со директорката на Институтот за тутун во Прилеп проф. д-р Валентина Пеливаноска го потпиша договорот за финансиска поддршка на Институтот за тутун во Прилеп за набавка на систем за наводување капка по капка.

Системот за наводнување капка по капка Институтот би го користел при производството на сертифициран семенски материјал за тутун на површина до 10 хектари.

Научните институти се значаен дел во развојот на македонското земјоделство и во зачувувањето на домашните афтохтони сорти. Токму затоа овие научни институти секогаш ќе ја добиваат поддршката на министерството при реализација на секој еден проект кој ја помага нивната работа.

Како министерство обезбедивме поддршка и на Институтот за ориз во Кочани, кој после 30 години повторно го вративме во фунцкија, обезбедувајќи нов млад и стручен кадар, нова соодветна лабораторија, но и во целост ги вративме претходно одземените земјоделски површини на Институтот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...