spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: 3 денари по килограм за остварено, предадено, или складирано производство на...

МЗШВ: 3 денари по килограм за остварено, предадено, или складирано производство на пченица

На вчерашната седница Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја усвои новата мерка преку

Интервентната програма за поддршка на производителите на пченица под контролирани услови.
Со буџет од 317 милиони денари оваа година креиравме отворена Интервентната програма, преку која излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец, креирајќи навремено мерки за поддршка.

Мерка за поддршка на производителите на пченица  се однесува на 3 денари по килограм финансиска поддршка до земјоделците, за остварено и продадено или складирано производство на пченица.

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат поднесено барање за подмерката директни плаќања по обработливa  земјоделска површина за сите поледелски култури од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, имаат засеани и ожнеани површини со пченица, а оствареното производство го имаат прoдадено или складирано кај регистриран откупувач или за потребите на сопствениот преработувачки капацитет во период од 15 јуни до 31 август 2023 година, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Максималната прифатлива количина на пченица е 5.000 килограми по пријавен хектар.

Како министерство остануваме посветени во креирање на мерки за секој еден  земјоделец и за поддршка и развој на домашното производство.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...