spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМНР: Османи - По 20 дена сѐ уште без аргумент против суштината...

МНР: Османи – По 20 дена сѐ уште без аргумент против суштината на преговарачката рамка со ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи  преку видео порака се обрати до граѓаните заблагодарувајќи се за коментарите и дискусијата која се поттикна од видеото кој тој сними пред 20 дена. Во тоа видео, министерот сликовито ја објаснуваше суштината на преговарачката рамка со Европската Унија. Договорите со соседите, особено Договорот со Бугарија и прегледите од член 12 од Договорот не се дел преговарачката рамка, рече тогаш Османи. Во денешното видео, министерот вели дека и по дваесет дена се уште нема аргументи против ова тврдење и уште еднаш потврдува дека овие сегменти не се дел од преговарачката рамка и за нив нема гласање од страна на земјите-членки на Европската Унија.

Според Османи, неговиот обид искрено да ја претстави преговарачката рамка, преку визуелно испишување на нејзините составни делови, бил со цел да поттикне дебата која ќе биде фокусирана на вистината и преку која објективно ќе се презентираат фактите.

„Сепак, забележливо е дека иако имаше бројни коментари, ниту еден не даде опиплив аргумент за да ги побие фактите што ги презентирав. Основната порака останува непроменета: договорите со соседите и прегледите не се дел од посебните сегменти на преговарачката рамка, каде што има писмено известување и гласање од страна на земјите членки“, вели Османи во видеото.

Министерот Османи уште еднаш повика доколку постојат спротивставени ставови, тие да бидат презентирани со аргументи и со искрен пристап преку кој ќе се покаже дека навистина се грижиме за иднината на државата.

„Искрениот дискурс ја зајакнува нашата демократија. Го почитувам секој од вас, без разлика дали сте се согласиле со методот или не. Нашата крајна цел е посветла европска иднина за Северна Македонија и верувам дека заедно со отворен дијалог и со факти можеме тоа да го постигнеме“, вели Османи.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте