spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Со конструктивни идеи и немнозинските заедници се вклучуваат во процесот на...

Маричиќ: Со конструктивни идеи и немнозинските заедници се вклучуваат во процесот на пристапување во ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања денес се сретна со Форумот на граѓанските организации на немнозинските заедници на која разговараа за нивното вклучување во процесот на подготовка на Патоказите и преговорите со ЕУ.

Проактивноста на секој ќе биде клучна за напредокот во процесот на ЕУ интеграцијата. Процесот на преговори и членството во ЕУ отвора можност да се направи нешто за интересите на заедниците, рече на состанокот Маричиќ потенцирајќи дека улогата и активноста на немнозинските заедници е особено важна во подготовката на Патоказите и Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците, со кои ќе се унапредат прашањата од сферата на човековите права.

Претставниците на немнозинските заедници на состанокот потврдија дека имаат желба да придонесат во подготовката на клучните документи кои се потребни за продолжување на процесот на преговори со ЕУ и се заблагодарија на вицепремиерот Маричиќ за соработката и отвореноста за зајакнување на дијалогот со конкретни активности.

Се согласија дека Владата постојано се залага за целосна афирмација на сите заедници и создава услови во кои тие можат да функционираат и да се развиваат со сите нивни особености, без никакви пречки, согласно Уставот и законите, но и дека има уште многу што да се направи во пракса и во имплементација на она што веќе е законски загарантирано за народите кои живеат во Северна Македонија.

На состанокот беше разговарано и за предизвиците со кои се соочуваат, како и за унапредување на соработката и нивно вклучување во секторските групи за планирањето на ИПА фондовите, со цел повлекување на повеќе средства од европските фондови за поефикасно остварување на правата на немнозинските заедници.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...